Во рамките на проектот за промоција на македонските извозни капацитети Министерството за надворешни работи во средата пред претставниците на дипломатскиот кор во земјата организираше промоција на капацитетите и извозните потенцијали на компанијата АД „Витаминка" од Прилеп. Гостите, предводени од Министерот за надворешни работи Никола Попоски, имаа можност да се запознаат со производствените капацитети, технолошките процеси и потенцијалите за извоз на една од најголемите прилепски компании. На презентацијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески, кој ги поздрави гостите и истакна дека општината и натаму ќе гради добри релации на партнерски однос со останатите земји со цел создавање услови за влез на странски капитал кој позитивно би влијаел на економската клима.
Во рамките на проектот за промоција на македонските извозни капацитети Министерството за надворешни работи во средата пред претставниците на дипломатскиот кор во земјата организираше промоција на капацитетите и извозните потенцијали на компанијата АД „Витаминка" од Прилеп.
Гостите, предводени од Министерот за надворешни работи Никола Попоски, имаа можност да се запознаат со производствените капацитети, технолошките процеси и потенцијалите за извоз на една од најголемите прилепски компании.
На презентацијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески, кој ги поздрави гостите и истакна дека општината и натаму ќе гради добри релации на партнерски однос со останатите земји со цел создавање услови за влез на странски капитал кој позитивно би влијаел на економската клима.
Свои поздравни обраќања имаа и министерот Попоски и претседателот на бордот директори на „Витаминка", Симон Наумоски.
Основна дејност на компанијата е производство на прехранбени и кондиторски производи.
Во рамки на престојот во Прилеп, Попоски ја посети локалната самоуправа, каде се сретна со градоначалникот Ристески. На средбата беше разгледана можноста за промоција на индустриските потенцијали на општина Прилеп. Министерот Попоски истакна дека Министерството за надворешни работи во рамките на своите надлежности ќе помогне во промовирањето на индустриските капацитети пред странски инвеститори.